Дома Трансфер зона Преговорите помеѓу Јувентус и Дибала не одат во добра насока

Преговорите помеѓу Јувентус и Дибала не одат во добра насока

Раководството на Јувентус и напаѓачот Паоло Дибала (27) иако веќе со месеци преговораат се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.

Спорна точка е висината на платата. Јувентус со новиот договор му нуди плата од десет милиони евра, Дибала бара 15 милиони што е двојно повеќе од она што сега го добива. „Старата дама“ не е спремна да му понуди таков договор.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Јувентус за аргентинскиот фудбалер во 2015 година на Палермо му плати 40 милиони евра оштета, а во 2017 година договорот беше продолжен до 2022. Минатата сезона беше прогласен за МВП во Серија А меѓутоа во новата сезона не влезе баш најдобро.

Ако Дибала и Јувентус не се договорат до крајот на оваа сезона, веќе следното лето Јувентус би можел да го продаде Дибала за кого се интересираат екипи како Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …