Раководството на Милан ќе биде многу активно на трансфер пазарот оваа зима, особено поради фактот што тимот е погоден од голем број на повредени играчи.
„Росонерите“ веќе го договорија првото зимско засилување, а станува збор за бразилскиот играч за врска на Фламенго, Пакета, но најверојатно тоа нема да биде единствен Бразилец кој ќе пристигне на „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните информации се дека спортскиот директор Леонардо започнал преговори со Сао Паоло за дефанзивецот Родриго Кајо.
25-годишниот бразилски дефанзивец е во последната година од договорот, па поради тоа може да си замине за сума од 7-8 милиони евра. Но „росонерите“ би можеле да го донесат на позајмица со задолжителен откуп на крајот на сезоната за 12 милиони евра.
Leonardo has asked São Paulo information regarding defender Rodrigo Caio. He could be signed on a permanent basis for €7-8m or on loan with obligation to buy at €12-13m. Leonardo will likely speak with his agent next week. [Sky] pic.twitter.com/VlaSxVKiJK
— TheMilanBible (@TheMilanBible) November 14, 2018