Дома Топ вести Преговорите започнати: Гризман во спектакуларна трампа се сели во Серија А!?

Преговорите започнати: Гризман во спектакуларна трампа се сели во Серија А!?

Антоан Гризман пристигна на „Камп Ноу“ ова лето како големо засилување, но до сега е само бледа сенка на играчот од Атлетико Мадрид.

Шпанските и италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Гризман нема да ја дочека својата втора сезона на „Камп Ноу“ и дека на лето може да се пресели во Милано.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека Барселона покажува сериозен интерес за ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез кој има откупна клаузула од 111 милиони евра, па двата клуба на лето можат да направат спектакуларна трампа.

Италијанските медиуми тврдат дека преговорите помеѓу Интер и Барселона се започнати и дека двата клуба имаат желба да се реализра оваа трампа.

Цената на Гризман  во моментов изнесува 120 милио ни евра, па „нероаѕурите“ се спремни да доплатат додатни 10 милиони евра, но проблем може да биде високата плата на Французинот.

Имено, Гризман на „Камп Ноу“ заработува 17 милиони евра по сезона, па прашање е дали Интер е спремен да му дава толку висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …