Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед официјално ги започнаа преговорите за трансфер на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“.
Варан одби да го продолжи договорот со „кралевите“ и сака да ја промени средината, а Јунајтед е негова прва опција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сан“ пишува дека Реал Мадирд ќе инсистира во договорот за Варан да биде вметнат и Дони ван Де Бек кој првично би дошол во Мадрид како позајмен фудбалер, а Реал да има право на целосен откуп на неговиот договор следната сезона.
Холанѓанецот минатото лето пристигна на Олд Трафорд, но не се снајде најдобро во Премиер лигата и не е во плановите на Солскјер.
Поради тоа медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ сигурно ќе прифатат да го пуштат во Мадрид како дел од трансферот на Варан.