Изгледа дека УФЦ доведе човек кој може да го симне од тронот шампионот во лесна категорија, Дагестанецот, Кабиб Нурмагомедов.
Кабиб Нурмагомедов е непоразен во УФЦ (27:0), а УФЦ сега доведе човек кој сериозно би можел да го загрози.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нов член на УФЦ стана непоразениот Бен Аскрен (18:0) кој беше шампион во Белатор и „ONE FC“.
Ова беше и првата размена во историјата на ММА бидејќи во спротивен правец, односно во „ONE FC“ тргна Демeтриoс Џонсон, а Аскрен веднаш најави дека сака борба со Кабиб.
Тој на својот Твитер профил објави борба против фантастичниот Русин, Адреј Корешков, а под видеото напиша.
„Знае ли некој кој Русин би сакал да биде понижен на стариот добар начин“, напиша Аскрен.
Засега е проблем разликата во килограмите, Аскрен има 84 килограми и би требало да се спушти на 70 доколку сака да ја нападне титулата во лесна категорија.
Anyone know another Russian that needs humbled the old country way? pic.twitter.com/tEdSoUSX45
— Ben Askren (@Benaskren) October 25, 2018