Денес во рамките од ракометната Лига на шампионите македонскиот претставник Вардар на свој терен го играше натпреварот против шпанска Барселона, а на крајот Шпанците стигнаа до победа од четири гола разлика.
Барселона го победи Вардар со резултат 26:30 и така изби на првата позиција во групата, додека Вардар сега со учинок од пет победи и два порази (10 освоени бодови) се наоѓа на четвртото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Салата „Јане Сандански“ беше преполна, но сепак тоа не им помогна на црвено-црните да го избегнат првиот пораз пред домашната публика.
Големиот број технички грешки беа причината поради која противникот уште на стартот изгради предност која Вардар ја бркаше во текот на целиот натпревар, но не беше достижна.
На полувреме Барселона замина со предност од 9:13. Во вториот дел нешто слично како и во првиот видовме конфузно отварање на македонскиот противник, па Шпанците направија предност од 10:16.
До крајот Вардар ја намали предноста на четири гола која Барселона ја задржа до самиот крај и ги освои бодовите.
Најефикасен кај Барселона беше Дика Мем со осум постигнати гола, додека кај Вардар се истакна Дибиров со шест постигнати погодоци.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар повторно го игра против Барселона, овој пат во Шпанија на 17-ти ноември.