Дома Македонски спорт Мак ракомет Прв пораз за Вардар сезонава во ЛШ: Монпелје до победа во Скопје

Прв пораз за Вардар сезонава во ЛШ: Монпелје до победа во Скопје

Вардар денес го одигра натпреварот против Монпелје во рамките од Лигата на шампионите.

Мечот за почна со минута молк во чест на Јулијана Николиќ поранешната репрезентативка и член на ЖРК Вардар.

Францускиот тим започна подобро отвори со 0:2, а дојде и до три разлика 5:8. Тогаш Веселин Вујовиќ повика тајм-аут, па Вардар почна да игра и подобро. На средина од полувремето Вардар дојде и до минус 7:8. Во последните осум минути од полувремето Вардар влезе со два негатива (9:11). Никако не успеваа момците на Вујовиќ да влезат во серија за барем изедначување.

Во 24. минута Монпелје повторно, вторпат во полувремето дојде до највисоките плус три (9:12).

Ја одржуваа гостите таа предност се до крајот од првиот дел. Борко се истакна одбранет пенал, па Вардар на две минути до крајот доби напад за да се врати на минус еден. За несреќа на црвено-црните Тото промаши зицер. На полувреме се замина со 11-15.

Стартот на вториот дел му припадна на гостинот, не успеваше Вардар да ја намали предноста, напротив во 43. минута Монпелје дојде и до највисоки до тој момен плус шест 17:23. По тоа водство на францускиот тим следуваа неколку исклучувања кај нив. Намали Вардар повторно на четири разлика за на десетина минтуи до крајот Монпелје повторно да води со шест разлика (20:26). Очигледно беше дека денес Вардар прими многу голови и во првиот и во вториот дел поради играта „7 на 6“.

Ја одржуваше Монпелје предноста до крајот на натпреварот, а во еден момент имаше и највисоки плус осум. На крајот конечниот резултат гласеше 25:31

Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со седум гола и Жереми Тото со шест. Борко го заврши натпреварот со шест одбрани, Томовски со четири.

За Вардар ова беше прв пораз во сезоната откако во претходните три кола оствари две победи и едно реми.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Тричковски после 200 натпревари за АЕК: Ова е мој втор дом, ќе направам се да дојдеме до титула!

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски на убав начин го прослави новиот д…