Фудбалерот на Рома Паоло Дибала ќе се приклучи на соиграчите од репрезентацијата за претсојните натпревари затоа што не е потешко повреден, пренесуваат денес италијанските медиуми.
Дибала во неделата не играше за Рома против Аталанта (0:1) затоа што на загревањето пред овој натпревар го повреди мускулот на левата нога.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веднаш Аргентинецот беше испратен на прегледи на кои се утврди дека станува збор за полесна повреда и тој ќе биде со репрезентацијата за натпреварите со Хондурас и Јамајка, пренесува „Калчомеркато“’.
Дибала ова лето од Јувентус премина во Рома за која во првите шест натпревари постигна три гола и имаше две асистенции.