Дома Фудбал Италија Првиот човек на Рома: Баравме ВАР зошто бевме ограбени, сега има и повторно не ограбија!

Првиот човек на Рома: Баравме ВАР зошто бевме ограбени, сега има и повторно не ограбија!

Првиот човек на „Волчицата“ е бесен после испаѓањето од Лигата на шампионите.

Претседателот на Рома, Џејмс Палота изјави дека неговиот фудбалски клуб „ограбен“ во вчерашниот натпревар против Порто.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Вчера во Лисабон се играа продолженија кои беа среќни за домаќините. Главниот судија на натпреварот, Чакир после прегледувањето на ВАР снимката сметаше дека контактот на Флоренци бил доволен за најстрога казна и покажа на белата точка.

После натпреварот во јавноста зборуваше првиот човек на Рома.

„Минатата година баравме ВАР во Лигата на шампионите бидејќи не оштетија во полуфиналето. Сега има ВАР и повторно се ограбени. Патрик Шик очигледно беше соборен во казнетиот простор. Уморен сум од овие сра*а. Се откажувам“, изјави Палота.

Рома во првиот натпревар победи со 2:1, а Порто во реваншот на својот стадион со споменатиот гол во продолженијата стигна до победа од 3:1. Најстрогата казна за Порто ја реализираше Алеш Телеш.

Набрзо после тој погодок, Патрик Шик падна во шеснаесетникот на Порто, но Чакир тогаш после констултација со ВАР собата не отиде да ја гледа снимката и покажа играта да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарен клуб по 114 години избришан од фудбалската мапа!

Клубот за кој некогаш играа големи фудбалски легенди “умира”. Поради долгови м…