Тимот на Шкупи вечерва го oдигра натпреварот од првото коло во Конференциската лига против косковскиот Лапи и стигна до минимален триумф.
Шкупи како фаворит влезе во натпреварот меѓутоа на теренот иако Шкупи победи може да се каже дека гледавме еден скоро изедначен дуел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Арената „Тодор Проески“ од почетокот гледавме еден мирен натпревар со малку прилики за гол. Првата посериозна закана ја имаше Шкупи после половина час игра и тоа беше закана после еден изведен корнер.
Во еден таков натпревар без шанси Шкупи до водство стигна во 36. минута кога Кире Маркоски искористи една грешка во одбраната на гостите и го совлада голманот Чориќ.
И во остатоткот од полувремето гледавме иста слика на теренот, се играше во главно на теренот, а Шкупи имаше и закана преку Матеј Цветановски кој во 43. минута шутираше од работ на шеснаесетникот, меѓутоа неговиот удар одеше онаму каде што беше поставен чуварот на мрежата на Лапи.
Играта не се промени многу и во вторите 45 минути во најголемиот дел од натпревар се играше на средината од теренот, двете екипи создадоа по некоја полу шанса, па голманите немаа многу работа.
Вториот гол на Шкупи дојде по еден прекршок во последните моменти од натпреварот Aлварез испрати одличен центаршут, а Рвтубаје одлично со глави погоди за конечни 2:0.