Дома Фудбал Останато По цела деценија, во Шведска повеќе епитетот НАЈДОБАР не го носи Златан Ибрахимовиќ

По цела деценија, во Шведска повеќе епитетот НАЈДОБАР не го носи Златан Ибрахимовиќ

Се прости од репрезентацијата, а се прости и од наградата која полна деценија љубоморно ја чуваше.

Првпат по 10 години, најдобар фудбалер на Шведска не е Златан Ибрахимовиќ. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој поголемиот дел од годината го мина по амбулантите закрепнувајќи од тешката повреда, престижното признание му го предаде на Андреас Гранквист, кој Швеѓаните ги предводеше до пласман на Мундијалот во Русија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И тоа преку Италија во двомечот од баражот.

„Неверојатно сум горд и благодарен што стојам пред вас“, истакна фудбалерот на Краснодар, а мораме да кажеме: Апсолутно му веруваме на човекот кој беше последен пат пред Ибрахимовиќ на пиедесталот сега веќе дамнешната 2006. година, а тоа е Федериќ Љумберг.

И сега Гранквист, кој инаку фантастичната сезона ќе ја памети по еден голем неуспех: во баражот за пласман во ЛЕ неговиот Краснодар испадна од Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…