Некогашниот голман и тренер на Реал Мадрид, Икер Касиљас и Жозе Мурињо ја продолжија вербалната војна по неколку години пауза.
За потсетување, тие двајца влегоа во расправија во текот на третата сезона на Мурињо на клупата и тоа што Мурињо во текот на еден меч одлуи да го остави Касиљас на клушата, а шанса на голот му даде на Антонио Адан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо по мечот истакна дека Адан е подобар голман од Касиљас и тогаш беше јасно дека овој тандем повеќе никогаш нема да може да соработува.
Вербална војна водеа со месеци потоа, а по неколку години пауза, очигледно дојде време за нова препирка.
Овојпат се започна од Икер кој даде брутално интевју.
„Дојде да се натпреварува со Барселона и донесе моменти на голема напнатост и тој Мадридизам за кој зборував дека не ми е драго што „илзезе на површина“. Постои граница која ја мина во однос со емен и преку која не можев да одам. Во неговата трета сезона работите не течеа добро. Иако пред тоа ја освоивме Ла Лига, имаше доста луѓе на кои меѓусебните односи им беа нарушени“, истакна Икер и продолжи:
„Нашиот однос не беше добар по него, ниту по клубот. Мислам дека ако тоа се случи повторно, би се соочил со Мурињо. Во тоа време одлучив да бидам со тимот и на тој начин да ги почитувам вредностите на Реал Мадрид“.
Мурињо пак, не остана воздржан на ова и во интервју за еден португалски медиум истакна дека Касиљас не ја зборува вистината.
„Ова ми личи на интевју на некој кому крајот на кариерата му е блиску. Кога кажа дека никогаш не се спротивставил, не ја зборуваше вистината. Се спротивставуваше и тоа го правеше на начин кој од него подобро никој не го умее, тајно…“, истакна Мурињо.