Дома Фудбал Останато По медиумите и навивачите удрија по Адеми: Беше фудбалски мртов, Динамо го оживеа – срамно!

По медиумите и навивачите удрија по Адеми: Беше фудбалски мртов, Динамо го оживеа – срамно!

Aдеми и Динамо Загреб деновиве покрај коронавирусот се една од главните теми во медиумите на овие простори.

Ќе потсетиме, Динамо побара од играчите за време додека е се стопирано да добиваат помала плата со цел клубот да може полесно да го надмине кризниот период. Меѓутоа тој предлог тие не го прифатија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По одбивањето Хрватите „фрлаат со дрва и камења“ со играчите, а Адеми кој е капитенот на тимот посебно е истакнат и добива најголеми критики. Вчера го критикуваа медиумите (тука), додека сега може да се прочитаат и голем број незадоволни коментари од хрватските навивачи.

„Неверојатно е што Адеми одбива, а Динамо му даваше плата додека беше суспендиран, беше фудбалски мртов, го вратија и го оживеаа повторно…Од срам би играл бесплатно после тоа, а не да го прави ова. На страна дека платите им се срамни во однос на обичниот човек, учиш 10 години медицина за да можеш да спасуваш животи и за тоа имаш плата како келнер, додека овие имаат милиони со основно и трчаат по топка. И нека, треба да биде крај на светот“, гласи еден од коментарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…