Дома Фудбал Останато По лошата епизода во Монако, Тиери Анри доби нова понуда за работа

По лошата епизода во Монако, Тиери Анри доби нова понуда за работа

Легендата на Арсенал, Тиери Анри не имаше премногу успех во својата прва самостална работа како тренер на Монако.

Доби отказ по само три месеци, но денеска се појави вест дека добил нова понуда за работа. Наводно, селекторот на Белгија, Роберто Мартинез му понудил на Анри да се врати на местото негов помошник во селекцијата на Белгија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа е функцијата која Французинот ја работеше пред да добие шанса самостојно да го води Монако. Тој имаше одличен однос со играчите на Белгија и Мартинез сака да го врати во овој стручен штаб.

Сепак, Анри се уште не донел одлука. Наводно најголем проблем претставува неговата несигурност, бидејќи не знае дали сака да чека самостојна работа или да работи во стручниот штаб на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо нема да жали за Родриго бидејќи во Реал Мадрид пристигнува ѕвезда од 100 милиони евра!

Шпанските медиуми денеска објавија дека Родриго пред неколку дена имал разговор со Чаби Ал…