Дома Актуелно ПОЧНУВА ПРЕМИЕР ЛИГА! Сега со ТРИ кандидати за титула?

ПОЧНУВА ПРЕМИЕР ЛИГА! Сега со ТРИ кандидати за титула?

Или за Челси е сепак рано?

Ливерпул ги донесе Костас Цимикас, Манчестер Сити Феран Торес, Нејтан Аке, а се чека и Калиду Кулибали, кога веќе не можеше Лионел Меси. Но, ако зборуваме за тоа кој како тргуваше на пазарот, ќе се согласиме сите дека Челси е апсолутен победник во преодниот рок. Стигнаа Каи Хаверц, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Хаким Зијеш, Тијаго Силва, а на прагот е и Едуард Менди и делува дека Френк Лампард оваа сезона ќе има тим со кој ќе може да се спротистави на недопирливите ривали од врвот на табелата од претходните сезони.

Според проценките на MOZZART обложувалници, за Челси е уште рано, па квотата дека тие ќе бидат шампиони на Премиер лига е баксузни 13. За споредба, поголеми шанси даваат на Атлетико во Шпанија, отколку на Челси во Премиер лига.

Ако одиме понатаму со прогнозите, MOZZART сметаат дека Сити оваа сезона е поблиску до враќање на тронот, отколку што е Ливерпул да ја одбрани титулата. Квотата дека Сити ќе биде првак е 1,75, а за Ливерпул дури 3,00. За споредба, поголеми шанси даваат на Барселона во Примера, отколку на Ливерпул во Англија.

Во кругот на тимовите со какви такви шанси, влегува и Манчестер јунајтед со квота 17, додека сите останати аутсајдери се во шампионска трка.  

Сезоната инаку се отвора со дуелот на Фулам против Арсенал кој е голем фаворит на Крејвен Котиџ. Ливерпул тргнува против Лидс, многу интересен тим после носењето на Родриго од Валенсија за 30.000.000 евра. Сепак, за повратник во елитното друштво ова е можеби преголем залак за почеток, па „кецот“ е вреден квота 1,35.

Уште еден интересен натпревар не чека во недела, Тотенхем против Евертон со квота 1,90 на „кец“.

Манчестер јунајтед и Манчестер Сити се поштедени викендов поради игрите во завршницата на европските натпреварувања, додека Челси го затвора колото во понеделник со гостување кај Брајтон во натпревар во кој типувањето на „сините“ ја множи уплатата со квота 1,70.

Ќе биде лудо. Затоа што тоа е Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Фјури го победи Чисора, па заедно јадеа хамбургери 🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Tajсон Фјури вче…