Капитенот на Реал Мадрид бил јасен!
Серхио Рамос е апсолутен авторитет во соблекувалната на Реал Мадрид. Во минатото излегуваше како победник во судирот со тренерите најмногу поради тоа што неговите фудбалски квалитети не можат да се оспорат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега и тој стравува дека во клубот може да биде вратен човекот со кој имаше најмногу проблеми.
Секако, тоа е Жозе Мурињо кој после отказот во Манчестер Јунајтед многу се поврзува со „кралевите“. Флорентино Перез го обожава, тоа го потврди и Предраг Мијатовиќ.
Меѓутоа огромна пречка во ваквата идеја за враќање на Мурињо може да биде последната информација која се појави во шпанските медиуми.
Наводно, капитенот на Реал Мадрид на своите соиграчи им порачал дека тој заминува доколку Мурињо се врати.
Навистина изгледа невозможно Рамос да го напушти Реал Мадрид, но фудбалот веќе не навикна на чуда.