Ретко се случува да има пофалби помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а сега се случи токму тоа.
Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу го пофали начинот на кој Флорентино Перез ги води финансиите во Реал Мадрид.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„На Перез му симнувам капа за начинот на кој го води тимот. Да бевме паметни и ние ќе имавме иста ситуација. Верувам дека наредното лето можат да ги донесат Мбапе и Халанд, имаат можност. За неговата работа, Перез многу го ценам и го почитувам, можам да кажам само најдобри работи“, изјави Ромеу.
И овие пофалби се заслужени затоа што Реал Мадрид е еден од ретките клубови кој од финансиската криза поради пандемијата излезе со мала загуба.