Можеше да ги оствари соништата, но се се променило после една ноќ во еден ноќен клуб…
Дали некогаш сте го слушнале името Салвадор Кабањас?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во прашање е поранешен парагвајски репрезентативец кој во 2007 година беше прогласен за најдобар играч во Јужна Америка, како најдобар стрелец во Копа Либертадорес.
Неколку години подоцна беше на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон лично инсистираше на негово доведување. Сепак, ноќта помеѓу 24 и 25 јануари во 2010 година променила се.
Кабањас бил дел од забава во ноќниот клуб „Бар Бар“ во Мексико Сити, а околу пет часот по полноќ му било пукано во глава, во тоалетот на клубот!
Наводно парагвајскиот напаѓач влегол во конфликт со озогласениот мафијаш од Белтран-Лев нарко картелот, познат како „Џеј Џеј“, кој на крајот се одлучил и да пука во него.
Неговата жена подоцна објасни дека споменатиот „Џеј Џеј“ се обидел да го ограби Кабањас кој му се спротиставил, но на крајот добил куршум во глава после што следела борба за неговиот живот во ургентниот центар.
Кон средината на февруари 2010 година Кабањас бил пуштен од болницата откако се опоравил од просторелните рани.
Тој се надеваше дека може да се опорави пред Мундијалот таа година, но на крајот не се најде на списокот на селекторот на Парагвај.
На фудбалот му се врати две години подоцна, заигра за парагвајскиот третолигаш под името „12-ти октомври“.
Се повлече на кратко во 2014 година потоа играше кратко во четвртата лига во Бразил, за кариерата да ја заврши во Паргвај исто така во четвртата лига.
Денес продава леб во родниот Асунсион, вели дека е среќен, а кој знае… Доколку не се случел кобниот инцидент таа ноќ можеби би го паметеле како еден од најдобрите напаѓачи од Јужна Америка.
За репрезентацијата на Парагвај на 33 настапи постигна 10 погодоци.
Неодамна тој за медиумите потсети на приказната со Манчестер Јунајтед.
„Потпишав пред договор за 1.5 милион евра со еден клуб од Европа. Ми кажаа дека во прашање бил Манчестер Јунајтед. Клуб Америка двојно ми ја зголеми платата и ми даде по еден стан во Акапулко и Канкуна за да ме задржи. Морам да продолжам понатаму. Денес си ја сакам работата. Луѓето ме познаваат по фудбалот и ме распрашуваат. Добро се забавувам“, изјави неодамна Кабањас.