Џонас Хектор денеска прифати нов петгодишен договор со Келн, кој наредната сезона ќе игра во 2. Бундеслига.
Капитенот на Јарците можеше да бира каде да игра, бидејќи на маса имаше понуди од Дортмунд, Арсенал и други фудбалски великани, но тој кажа – не.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И следната сезона ќе игра за Келн, ќе се обиде да ги врати во елитното друштво, а со настапите во втората лига со сигурност ќе го загуби и репрезентативниот статус.
Се откажа од славата, милионите, се откажа од се за што денешните играчи целат, но ако се прашате зошто и која е причината поради сето тоа, одговорот се вика Келн.
„Ми дадоа прилика од трета лига да станам репрезентативец, благодарен сум на клубот, но не би било исправно да го напуштам клубот тогаш кога сум најмногу потребен.“ – изјави Хектор.