Дома Трансфер зона Потврдено: Србин станува најплатениот играч во холандскиот фудбал

Потврдено: Србин станува најплатениот играч во холандскиот фудбал

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ стана најскапо платениот фудбалер во историјата на холандскиот фудбал.

Тадиќ се сели од Саутемптон во Ајакс за сума од 17.1 милиони евра.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Одличниот репрезентативец на Србија се враќа во Холандија каде што блескаше во дресот на Гронинген и Твенте, а со клубот од Амстердам ќе потпише договор на четири години.

Главните луѓе на Ајакс, Марк Овермарс и Јерон Слоп отпатуваа во Англија да ја завршат целата работа, а се очекува најдоцна за ден или два трансферот да биде официјалзиран.

29 годишниот играч за врска со тоа ќе го сруши рекордот на Миралем Сулејмани кој исто така премина во Ајакс од Херневен за сума од 16.2 милиони евра пред десет години.

Тадиќ во овој момент е со репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го плати 40 милиони евра, а заминува веќе во јанаури?

Манчестер Јунајтед летово потроши многу пари на засилувања, но резултатите на стартот од н…