Искусниот стратег Арсен Венгер после заминувањето од Арсенал се уште е без ангажман.
Венгер долги години седеше на клупата на Арсенал, а од моментот кога замина се поврзува со бројни клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан беше во игра, се тврдеше дека Баерн го договорил, место на спортски директор во ПСЖ…Сепак, Венгер и понатаму е без ангажман.
Засега потврдено е дека Реал Мадрид со сигурност се обидувал да го доведе Венгер и тоа неколку пати. Информацијата не доаѓа од некакви медиуми, туку лично од Венгер.
Французинот неодамна гостуваше во емисија во реномираната телевизија „беИН Спорт“ и во таа прилика откри дека неколку пати го одбивал Реал Мадрид.
Венгер потенцираше дека Реал Мадрид би бил сон на секој стратег, меѓутоа не ја откри причината зошто не седнал на жешката клуба во Мадрид.
„Реал Мадрид го одбив неколку пати и мораме да кажам дека со сигурност нема да има нешто такво, тоа за мене е завршена приказна. Ако го прашате било кој тренер би ви кажал дека е заинтересиран затоа што станува збор за еден од најголемите клубови во светот“, порача Венгер.
"Now it's over for me" – Wenger admits a move to Real Madrid won't happen.#beINUCL #beINWenger pic.twitter.com/b81BFdMmmM
— beIN SPORTS (@beINSPORTS) February 13, 2019
Меѓутоа каде и да оди во иднина Венгер секогаш во светот на фудбалот ќе остане запаметен по работата во Арсенал и не може да биде поинаку затоа што во Лондон помина цели 22 години.
Од заминувањето од Арсенал бидејќи не замина во сопствена желба туку беше отпуштен инкасираше 17.1 милиони евра оштета.