Дома Фудбал Италија Потврдено: Кристиано Роналдо позитивен на Ковид!

Потврдено: Кристиано Роналдо позитивен на Ковид!

Португалската репрезентација потврди дека Кристиано Роналдо е позитивен на Ковид 19.

Португалија утре ќе игра против Шведска во Лигата на нации, па утрово сите репрезентативци беа тестирани на коронавирус.

Попладнево беше потврдено дека Кристиано Роналдо имал позитивен тест на Ковид, тој е без симптоми и веднаш е остранет од тимот.

Според протоколите Роналдо ќе биде 14 дена во изолација, најверојатно во Португалија и нема да се враќа во Торино се додека не даде два негативни теста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан размислува да го ангажира Бенатија како нов шеф за фудбал

Милан планира да го засили својот менаџмент и поранешниот дефанзивец на Јувентус, Меди Бен…