Дома Фудбал Германија Потврдено: Борусија Дортмунд има нов тренер!

Потврдено: Борусија Дортмунд има нов тренер!

Борусија Дортмунд пред два месеци му врачи отказ на тренерот Лусиен Фавр, а денес го потврди тренерот за следната сезона.

Имено, тренерот на Борусија Мехенгладбах, Марко Розе од следната сезона ќе седне на кормилото на Борусија Дортмунд.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Борусија Дортмунд денес потврди дека ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Розе, која изнесува 5 милиони евра.

44-годишниот Германец веќе има комплетен договор со Борусија Дортмунд и ќе седне на кормилото по завршување на сезоната.

Марко Розе веќе втора сезона е на кормилото на Мехенгладбах. Минатата сезона успеа да го пласира тимот во Лигата на шампиони, а оваа сезона веќе избори пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Работнички потпиша договор со еден од најголемите таленти во Македонија

Македонскиот прволигаш Работнички денеска официјализираше нов долгорочен договор со младин…