Oна што веќе подолго време се најавува на вечерашната церемонија доби и официјална потврда, Лука Модриќ го освои и најпрестижното индивидуално признание.
Годината од соништата кога во прашање се индивидуалните награди за Модриќ започна на Мундијалот каде што беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Потоа за Модриќ следуваше наградата од УЕФА, па и онаа од ФИФА. Пред вечерва да ја освои и најпрестижната награда која ја доделува „Франс Фудбал“, освои неколку признанија од реномирани медиуми, па така ова што се случи и беше очекувано.
Со оваа победа капитенот на хрватската репрезентација освен што ја круниса годината од соништата ја прекина и десетгосишната доминација на Меси и Роналдо кои освоија по пет „Златни топки“. Последен кој пред овој двоец ја освои „Златната топка“ беше Рикардо Кака во 2007 година.