Дома Трансфер зона Постигнат договор: Севиља добива засилување од Баерн

Постигнат договор: Севиља добива засилување од Баерн

Летниот преоден рок влегува во завршницата и сигурно дека ќе не очекуваат возбудувања до самиот крај.

На фудбалскиот трансфер пазар и денес е интересно, а во големиот број шпекулации се појави информација дека Севиља договорила засилување од Баерн Минхен. Шпанскиот клуб постигнал договор со гигантот од Минхен за трансфер на младиот дефанзивец Тангу Нианзоу кој својата кариера ќе ја продолжи во Севиља.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фабрицио Романо објави дека трансферот е веќе договорен и дека сега се чека само официјална потврда од клубовите. Лекарските прегледи се закажани и веќе во наредните денови Нианзоу официјално ќе биде претставен во Севиља.

Овој 20-годишен дефанзивец со Севиља ќе потпише договор до летото 2027 година, а од оваа продажба Баерн ќе заработи околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…