Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Раниери на кормилото на Сампдорија

Постигнат договор: Раниери на кормилото на Сампдорија

После отказот на Еусебио ди Франческо, раководството на Сампдорија беше во потрага по нов тренер и конечно најде нов кормилар.

Италијанските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор со искусниот Клаудио Раниери, кој наскоро и официјално ќе биде назначен за нов тренер на Сампдорија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно се работи за двегодишна соработка во која Раниери ќе заработува по 2 милиони евра по сезона.

Тимот од Џенова е на дното на табелата во Серија А, па задачата на Раниери ќе биде да го извади тимот од тешката ситуација и да обезбеди опстанок во елитата.

Раниери во својата долга кариера, ги има водено Рома, Јувентус, Интер, Парма, Фиорентина, Наполи и Калјари, а најголем успех во кариерата секако му е шампионската титула со Лестер во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул може да добие засилување од 50 милиони евра!

Младиот дефанзивец на белгискиот Клуб Бриж, 21-годишниот Џоел Ордоњез, според пишувањата н…