Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Продолжува „љубовта“ меѓу Киелини и Јувентус

Постигнат договор: Продолжува „љубовта“ меѓу Киелини и Јувентус

Новиот договор на капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини е прашање на формалност, тврди „Газета дело Спорт“.

Договорот на Киелини со Јувентус истекува на крајот на сезоната, а „старата дама“ му нуди соработка на уште една година. Клубот со тоа сака да му даде поддршка на 35-годишниот капитен, кој оваа сезона ја пропушти поради повреда на коленото.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Киелини е жива легенда на Јувентус и игра за „бјанконерите“ од 2005 година, но оваа сезона поради повреда запиша само еден настап.

Киелини во неколку наврати призна дека размислува за пензија, но раководството смета дека може да игра најмалку уште една сезона на највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Лука Модриќ го заврши поглавјето од неговата кариера во Реал Мадрид, кој го напушта како и…