Дома Фудбал Репрезентации Постигнат договор: Италија во недела го претставува новиот селектор

Постигнат договор: Италија во недела го претставува новиот селектор

anceloti mancini

Како што пишува реномираниот италијански медиум, „Газета дело Спорт“ во недела ќе биде претставен новиот италијански селектор.

Според информациите на „Газета“ на селекторското столче на Италија ќе седне досегашниот стратег на Зенит, Роберто Манчини кој ќе потпише договор на две години со плата од два милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на 17 години колку што Манчини работи како тренер освои неколку големи титули со различни клубови. На Манчестер Сити во 2012 година му ја донесе првата шампионска титула во Премиер лигата  после пауза од 44 години, со Интер беше шампион на Италија и освои неколку италијански купови со Фиорентина и Лацио.

„Газета“ дадава дека Манчини во репрезентацијата сака да го врати Марио Балотели (Ница) прв пат после Светското првенство во 2014 година.

Да потсетиме, Манчини беше втора опција, откако сојузот прво доби „корпа“ од Карло Анчелоти. Италија е без селектор од моментот кога Вентура доби отказ откако не успеа да се избори за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторската должност привремено ја извршуваше Луиџи Ди Биаџо, селекторот на младата италијанска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…