Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Дибала потпишува до 2025!

Постигнат договор: Дибала потпишува до 2025!

Пауло Дибала и раководството на Јувентус се договорија за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино и преминување во Премиер лигата или ПСЖ, меѓутоа на крајот остана во Јувентус и не погреши. Дибала сезонава е еден од најдобрите поединци на „старата дама“ и сега клубот сака да го награди.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поточно, Јувентус и Дибала, наводно постигнале договор со кој Аргентинецот би се обврзал на верност со „старата дама“ до 2025 година.

Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно и ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А.

Се очекува во наредните денови двете страни и официјално да го потврдат новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се пojави снимка на фантастичниот гол на Валверде од друг агол. Погледнете го.

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Атлетик Билбао со минимални 1:0 во натпреварот од 3…