На местото каде што се случи хеликоптерската несреќа во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант е поставен споменик во негова чест.
Поранешниот кошаркар на Лејкерси го загуби животот на 26. јануари 2020 година заедно со неговата ќерка Џијана и уште седум лица. Сега, две години по трагедијата на местото на несреќата е поставена статуа која ја изработи скулпторот Ден Медина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На споменикот се Коби и неговата ќерка, но исто така се испишани имињата на сите лица кои тој ден го загубија животот. Покрај тоа стои и фразата:
„Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“.