Уште една бразилска фудбалска легенда заврши на операција, во прашање е 55-годишниот Ромарио.
Откако во последните денови од Бразил пристигнаа вести за 80-годишниот Пеле на кого со оперативен зафат му беше отстранет туморот на дебелото црево, денес се пишува дека во четвртокот операција имал и Ромарио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромарио бил опериран во болницата Копа Стар во Рио. Според информациите операцијата поминала без поголеми проблеми и би требало да ја напушти болницата во наредните денови.
Ромарио беше најголемата бразилска ѕвезда во бразилската репрезентација која во 1994 година ја освои титулата светски шампион во САД. Во финалето тогаш Бразил ја победи Италија.