Вечерва Ливерпул и Арсенал го одиграа еден од најлудите натпревари во последните неколку години.
Во рамките од 1/8 финалето во Лига Купот регуларните 90 минути завршија со неверојатни 5:5.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул стигна до водство со автоголот на Мустафи уште во шестата минута. Тореира изедначи во 19-тата, а потоа Мартинели во 26-тата и 36-тата погодуваше за 1:3. На 2:3 во финишот од првиот дел намали Џејмс Милнер од пенал.
Со исто темпо се продолжи и вториот дел.
После помалку од десет минути игра во вториот Мејтланд Најлс зголемува на 2:4, а четири минути подоцна Чемберлејн со одличен удар од далечина намалува на 3:4, веќе во 62-та минута резултатот беше 4:4 погоди Ориги.
Арсенал одново стигна до предност и тоа со еден еврогол на Вилок.
Предноста на „топџиите“ беше актуелна се до финишот од натпреварот кога Ориги го постигна својот втор гол на натпреварот за неверојатни 5:5.