Дома Останати Ракомет Последната изјава на Сарачевиќ: Притисокот беше огромен…

Последната изјава на Сарачевиќ: Притисокот беше огромен…

Познатиот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ вечерва почина на 59. години од својот живот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сарачевиќ после натпреварот на Подравка против Локомотива даде изјава, по која заедно со Барбара Станчин, тренерот на голманите во екипата се упатиле кон дома и за време на патувањето му се слошило после што настанала смртта.

Тимот на Подравка во овој натпревар славеше над Локомотива со 32-29, а Златко после натпреварот ја даде следната изјава:

„Им честитам на сите што го издржаа ова. Морам да признаам дека притисокот беше огромен. Локомотива е вистинска екипа во која играат седум освојувачки на бронзени медали и штета што немаше публика.“ – рече Сарачевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор…