Дома Фудбал Останато Поранешниот шпански репрезентативец: Сопругата купи еден камион тоалетна хартија

Поранешниот шпански репрезентативец: Сопругата купи еден камион тоалетна хартија

Пандемијата со коронавирусот го запре фудбалот и спортот воопшто, голем дел од луѓето се во домашен карантин и изолација. Во светот можеше да се забележи и дека луѓето покрај некои други работи многу купуваат и тоалетна хартија.

Поради таквата ситуација се појави и предизвикот помеѓу играчите со жонглирање на тоалетна хартија. На оваа тема зборуваше и шпанскиот напаѓач Нолито.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Што правиме во карантинот? Мојата сопруга купи еден камион тоалетна хартија. Така ни минува денот, опкружени сме со тоалетна хартија“, нзи смеа изјави Нолито за „Марка“, а потоа беше посериозен:

„Вежбам по неколку часа, добиваме инструкции од кондиционите тренери како да останеме во дорма. Тука е и телефонот, а со моите три ќерки времето брзо минува“, додаде поранешниот шпански репрезентативец и член на Манчестер Сити кој денес го носи дресот на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…