Дома Фудбал Италија Поранешниот стратег на Интер: Икарди направи работи кои не се достојни за еден капитен

Поранешниот стратег на Интер: Икарди направи работи кои не се достојни за еден капитен

Мауро Икарди веќе подлго време е капитен на Интер и дефинитивно најдобар играч на овој клуб за кој постигна 109 погодоци на 187 натпревари.

Меѓутоа не мислат сите дека 25 годишниот Аргентинец треба да биде капитен на Интер, а еден од нив е поранешниот тренер на „нероаѕурите“, Франк Де Бур.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Холанѓанецот на клупата на Интер престојуваше краток период, од август до ноември 2016 година, а во текот на неговите 14 натпревари кои ги собра како тренер на клубот од „Џузепе Меаца“, Икарди беше капитен, иако тој смета дека не заслужува.

Икарди е одличен играч, но сигурно не е за капитен. Тој направи некои работи кои не се достојни на еден капитен, пример судирот со навивачите…Но, намерно не му ја одземав капитенската лента бидејќи тоа би имало негативно влијание врз него и атмосферата во соблекувалната. Ако мене ме прашувате, Сами Хандановиќ е идеален за таа улога. Без никакви дилеми“, изјави Де Бур.

На крајот сепак потенцираше дека нема никакви проблеми помеѓу него и Икарди.

„Икарди го сакам како фудбалер. Од првиот тренинг видов колку е добар играч и колку се труди. Постигнуваше голови од сите можни позиции и тоа што подолг период игра на високо е доволен факт за неговите квалитети“, заврши Де Бур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бившата ѕвезда на Милан се сели во Рома

Фудбалскиот клуб Рома покажа интерес за доведување на поранешниот капитен на Милан, Франк …