Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија, Словенецот, Сречко Катанец од денес е нов селектор на Ирак.
Словенецот со репрезентацијата на Ирак потпиша договор на три години, а медиумите пренесуваат дека заедно со својот стучен штаб ќе заработуваат 1.2 милиони долари годишно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Катанец во својата играчка кариера ги бранеше боите на Олимпија, Динамо Загреб, Партизан Штудгарт и Сампдорија, а во тренерската кариера освен селектор на
Македонија, беше уште во Словенија и ОАЕ. Кога се клубовите во прашање ги предводеше Горица и Олимпијакос.
Првиот тест со репрезентацијата на Ирак Катанец ќе го има 10-ти септември во натпреварот против Кувајт.