Дома Фудбал Репрезентации Поранешниот селекор на Белгија со тешки обвинувања за Куртоа: Не предаде и мене и својата земја!

Поранешниот селекор на Белгија со тешки обвинувања за Куртоа: Не предаде и мене и својата земја!

kurtoa

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Белгија, Марк Вилмотс се најде во центарот на вниманието после жестоките обвинувања на сметка на голманот Тибо Куртоа.

Вилмотс
заработи отказ после елиминацијата од Европското првенство во 2016 година, а на негово место пристигна Роберто Мартинез. Поранешниот селектор на Белгија пред неколку дена за англиските медиуми даде изјава со која ја шокираше фудбалската јавност.

Овој стручњак го обвини голманот на Челзи дека ги откривал тајните од соблекувалната додека тој бил селектор. Исто така го спомена и неговиот татко Тиери Kуртоа за кого тврди дека ги откривал тајните дури и на противничките екипи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Си створив себе си голем проблем кога објавив дека во тимот имаме играч кој не предал, односно ги открил сите наши тајни. Тоа се сериозни работи, добив информации од неколку француски новинари кои ми кажаа дека таткото на нашиот голман го правел тоа. Тоа значи дека тој не ја почитува својата татковина“.

„Тоа што го правеа тој и неговиот син е срамно. Јас чекав на еден час за го дознаам противичкиот состав, а тие нашиот го знаеле и неколку денови претходно, тоа е ужасно. Противникот со тие информации сигурно дека имал повеќе време за подобро да се припреми“, изјави Вилмотс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флик: Нема да останам во Барселона во наредните десет години

Германецот Ханси Флик работи одлично и бежеле добри резултати со Барселона во актуелната с…