Дома Фудбал Лига на шампиони Поранешен судија за спорниот пенал на Барса: Судијата погреши, Суарез фаулираше (ВИДЕО)

Поранешен судија за спорниот пенал на Барса: Судијата погреши, Суарез фаулираше (ВИДЕО)

Лионел Меси вчера Барселона ја доведе во водство со гол од пенал во 18-тата минута против Лион во натпревар кој на крајот Каталонците го добија со 5:1 и обезбедија место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Пенал судијата Симон Марчинијак покажа после дуелот на дефанзивеот Џејсон Денајер и Луис Суарез, но поради технички проблем со ВАР технологијата истиот не можеше да биде прегледан.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Поради тоа судијата остана на својата одлука за најстрога казна. Лео Меси тоа го искористи и погоди за 1:0.

Меѓутоа поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалез тврди дека пенал не постоел и дека Суарез направил прекршок во напад.

„За мене тоа не беше пенал. Суарез сакаше контакт со дефанзивецот. Му застана на нога и падна. Тоа е прекршок во напад“, истакна за „АС“ Итуралде Гонзалез.

После натпреварот на оваа тема зборуваше и Суарез.

„Мислам дека ненамерно го нагазив и тоа мене ме дестаблизираше, па паднав на тревникот“, истакна Суарез.

Полскиот судија одлучи да покаже на белата точка. Меси погоди и Барселона до крајот без поголеми проблеми ја заврши работата.
Барселона противникот во четвртфиналето каде што се уште Јувентус, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Порто, Ајакс, Ливерпул и Манчестер Сити ќе го дознае утре на ждрепката која е закажана за во 12:00 часот.

Интересно е што после подолго време во четвртфиналето ќе гледаме четири англиски екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Снимката со „човекот без лице“ го освојува интернетoт: Многумина се прашуваат кој е тој, а во Бразил е добро познат

Денес ќе се одиграат уште два натпревари од групната фаза на Светското клупско првенство. …