Дома Останати Ракомет Поранешен македонски фудбалски репрезентативец: Десет години овие момци не биле дома на Бадник и Божиќ

Поранешен македонски фудбалски репрезентативец: Десет години овие момци не биле дома на Бадник и Божиќ

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Панче Ќумбев искажа поддршка за македонските ракометари кој во вчерашниот натпревар беа поразени од Чешка во најважниот натпревар на Европското првенство во Хрватска.

Ќумбев нагласува дека македонските ракометари со години наназад ги прават најголемите успеси и одржуваа континуитет на големите натпреварување и дека поради тоа мораме да биде горди на нив.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На крајот додава дека Кире Лазаров е спортист каков што сме немале и ќе немаме во иднина.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост статусот на поранешниот македонски фудбалски репрезентативец.

“Десет години играат или на светско или на европско првенство. Во ниту еден спорт немаме таков коинтинутет.Додека секој декември и јануари сите останати ракометари одмараат овие дечки одат на подготовки и се подготвуваат за светско или европско. Десет години овие момци не биле дома на Бадник и Божиќ со своите фамилии затоа што се подготвувале за достојно да ја престават Македонија.Во нашава држава имаме две спортски сали и еден и пол клуб професионален. И во најлош случај пак ќе бидат деветти во европа.И пак плукање и правење паметен од луѓе што не знаат дали топката е округла или коцка. Не за џабе имаме проблем и со името и со јазикот. Такви сме, клети и неблагодарни. И се што ни се случува можеби и го заслужуваме.

P.s Како Кире Лазаров ние спортист ниту сме имале ниту ќе имаме.

P.p.s Ај сеа една голема чистка …“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Скандал: Српски судии доживотно суспендирани!

Eвропската ракометна федерација доживотно ги суспендираше судиите Александар Панџиќ и Иван…