Билетите за ракометниот спектакл на 3. јануари со почеток од 19:00 часот кој ќе биде испраќање за повеќе македонски ракометни легенди се веќе во продажба од денес од 12:00 часот.
„Билетите за нашиот голем хуманитарен ракометно музички настан се веќе во продажба преку МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не го пропуштајте спектакуларниот ракометен меч помеѓу актуелните и поранешните ракометни репрезентативци проследен со трето, музичко полувреме на кое ќе настапат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Водител на настанот е Сашко Коцев.
Приходите од продажба на билетите ќе бидат наменети за СОС Детско село.
Израдувајте некого за празниците и нека победат нашите“, објави Ракометната федерација на Македонија.