Дома Фудбал Италија Поранешен играч на Милан: Џеко лесно ќе го затвориме, се плашам од тандемот Мартинез – Санчез

Поранешен играч на Милан: Џеко лесно ќе го затвориме, се плашам од тандемот Мартинез – Санчез

Интер и Милан го играат големото градско дерби во рамки на 24. коло од италијанската Серија А, која продолжујва по двонеделна пауза. Натпреварот е закажан за 18 часот, а улогата на домаќин ќе ја имаат „нераѕурите“.

Натпреварот е во центар на внимание на италијанската јавност, за дуелот зборуваше и Стефано Нава, кој во минатото го носеше дресот на Милан.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Рехабилитацијата на Томори ќе биде од голема важност за Милан. Тој е модерен дефанзивец, кој има многу квалитети. Ако во одбрана играат Калулу и Ромањоли, тогаш треба да бидат блиску еден до друг. Јас најмногу се плашам од тандемот Мартинез-Санчез, додека за Џеко не сум загрижен бидејќи лесно ќе го прочитаме“, кажа Нава.

Интер е прв на табелата со 53 бодови, додека Милен е трет и има четири бода помалку од градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…