Поранешниот англиски фудбалер, Тери Бучер излезе со интересно мислење во јавноста и смета дека играњето со глава треба да се укине во фудбалот.
Неговото објаснување е дека на тој начин кај фудбалерите доаѓа до сериозни повреди при судирите. Според него ако нема играње со глава фудбалерите би биле повеќе заштитени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Играњето со глава е она на што сме навикнати на Островот поради начинот на кој игравме, но мислам дека и без него може да се „преживее“. Ако нема играње со глава би се намалиле судирите кои можат да доведат тешки трауми и оштетување на главата. Играта лесно би се прилагодила, а можеби ќе гледаме и подобар фудбал“, изјави Бучер.
Тешко дека ова може да стане реалност, но во случај нешто сериозно да се рзагледа сигурно фудбалот не би бил ист каков што го знаеме.