Дома Останати Тенис Пораз каков што му се случи вчера Федерер не доживеал цели 16 години

Пораз каков што му се случи вчера Федерер не доживеал цели 16 години

Роџер Федерер вчера испадна во осминафиналето на Синсинати откако беше поразен од Русинот Андреј Рубљев со 6:3 и 6:4.

Рускиот тенисер го отвори мечот со 2:0, на што Федерер го врати брејкот, но во четвртиот гејм Швајцарецот одново остана без сет.

Во вториот Рубљев стигна до еден брејк и така го исфрли Роџер кој претходно седум пати славеше во Синсинати.

Федерер изгуби за само 62 минути. Во последните 16 години на легендарниот тенисер не му се случило да изгуби меч толку брзо. Последен пат тоа беше во 2003 година кога за 54 минути игра го победи Франко Скуилраи со 6:2 и 6:3.

Со оглед на елиминацијата на Роџер и откажаниот настап на Надал изгледа дека Ѓоковиќ ќе нема поголеми препреки за освојување на Синсинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ има нов спаринг партнер, синот Стефан🎥

Новак Ѓоковиќ моментално е во Мајорка каде се спремна за претстојниот Вимблдон, каде ќе би…