Дома Фудбал Репрезентации Поради еден човек мечот Андора – Сан Марино вечерва е во центарот на вниманието

Поради еден човек мечот Андора – Сан Марино вечерва е во центарот на вниманието

Натпреварот од квалификациите за СП помеѓу Андора и Сан Марино е во центарот на вниманието поради еден играч.

Легендата на Андора Идефонс Лима вечерва ќе го игра 130 натпревар за селекцијата на Андора, а интересно дебитираше далечната 1997 година во поразот од Естонија со 4:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покрај досегашните 129 настапи Лима и 11 постигнати голови за репрезентацијата.

Интересно е што дебитираше за Андора само три месеци пред Буфон за Италија и Анри за Франција.

Има 41 година и нема намера да ја заврши кариерата, а во Андора размислуваат еден од стадионите да го носи неговото име, а во план е отварање и негова фудбалска академија во Андора која повеќе би го популаризирала фудбалот во оваа мала држава.

За разлика од поголемиот дел фудбалери на Андора, Лима има респектабилна кариера и играше за клубови како Белизиона, Рајо Ваљекано, Пачука, Ионикос, Триестина, Еспањол…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …