Дома Останати Кошарка НБА Поради Дончиќ се повеќе Американци го добиваат името „Лука“

Поради Дончиќ се повеќе Американци го добиваат името „Лука“

Интересна вест објавија денес американските медиуми поврзана со словенската ѕвезда во НБА Лука Дончиќ.

Имено, во последно време се поголем број деца во САД го добиле името Лука по словенечкиот кошаркар во дресот на Далас. Дончиќ со своите блескави настапи ги освоил симпатиите на голем број Американци.

Словенецот така успеа да влезе во кругот на најпознати кошаркари кои се заслужни за бум на нивните имиња помеѓ новороденчињата. Во тој круг се Шекил О’Нил, Коби Брајант, Леброн Џејмс…

Откако Дончиќ се појави во НБА во 2018 година илјадници родители решиле на својот син да му дадат име „Лука“ што не е некое вообичаено во САД.

„Навистина нема поубаво чувство од тоа кога ќе ви кажат дека некој непознат човек го крстил своето дете Лука по вас. Тоа за мене е обврска и мотив да бидам уште подобар“, изјави Дончиќ.

Пред Дончиќ да стане популарен името „Лука“ било 404 по популарност во САД, а оваа година дојде до 163. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клиперси ја декласираа Јута и намалија на 2:1 во серијата

Кошаркарите на ЛА Клиперс синоќа ја победија Јута со 132:106. Клиперси дојдоа до убедлива …