Дома Фудбал Останато Понуда имало: Чави јавно објасни зошто ја одби Барселона

Понуда имало: Чави јавно објасни зошто ја одби Барселона

Чави Ернандез беше најголем фаворит за нов тренер на Барселона, но легендарниот фудбалер на каталонскиот клуб на крајот ја одби таа понуда.

Преговорите помеѓу Чави и Барселона се водеа во Доха и изгледаше дека се е спремно за негов ангажман, но на крајот легендарниот фудбалер ја одби Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега Чави јавно потврди дека постоела понуда и објасни зошто ја одбил.

„Нема да кријам, постоеше понуда. Разговарав со Ерик Абидал и Оскар Грау. Не ја прифатив понудата бидејќи сметам дека е прерано за мое доаѓање таму, во иднина секако дека сакам да бидам тренер на Барселона“.

„За понудата кажав на моето семејство, а потоа и на играчите на Ал Сад. Во тие денови не бев фокусиран, но сега сум само на овој клуб“, изјави Чави.

За новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен изјави:

„Ми се допаѓа изборот на новиот тренер и неговиот начин на работа. Се надевам дека ќе има успех“, порача легендарниот Шпанец.

Сетиен со Барселона потпиша договор до 2022 година и нема да биде изненадување ако после него на клупата на Барселона дојде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Финалето во Лигата на шампиони за првпат во нов термин, ќе се игра три часа порано!

УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампиони да не се одржува во вообичаениот ноќен т…