Ракометниот шампион на Полска и поранешен европски првак од 2016 година Киелце е во многу тешка финансиска состојба. Полските медиуми потврдија дека клубот е во тешка финансиска полжба и големи проблеми, како и неколку месеци неисплатени плати кон играчите.
Клубот обелодени, а претседателот Бертус Сервас испратил писмо до општината на градот Кјелце со барање да им дадат финансиска помош.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Притиснати сме до ѕид, клубот е во долгови. Она што сега сакаме да го знаеме дали на градот Кјелце му е потребен ваков ВИВЕ Кјелце, клуб кој игра на високо ниво, во европскиот врв или не. Тоа е клучното прашање за мене. Ако не, тогаш правилата може да нè натераат да прогласиме банкрот. Би се повлекле од ЛШ и од Суперлигата, па би почнале од нула“, вели Сервас во интервју за „Echodnia.eu“.
Клубот официјално побарал помош од општината, а сумата е околу 1 милион евра. Гласањето на Советот на градот е закажано за 26.јули и ќе се знае дали Киелце ќе добие финансиска инјекција. Едно од заминувањата е она на Деан Бомбач, а веќе се појави вест дека Лука Циндриќ нема да го облече нивниот дрес, туку веднаш ќе замине за Париз во ПСЖ.