Moжеби звучи изненадувачки, но статистиката покажува дека Чави Ернандез е најлошиот тренер на Барселона од 2001 година до сега.
Во Ла Лига Барселона од почетокот беше изедначена со Реал Мадрид се до вчера кога „кралевите“ славеа во „Ел Класико“ и сега имаат три бода предност. Од друга страна во Лигата на шампионите Барселона многу веројатно ќе испадне во групната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од почетокот на Примера до вчерашниот натпревар Каталонците имаа само еден примен гол во Ла Лига, па впечатокот беше дека тимот напредува со Чави на клупата. Сепак, ако се погледне статистиката ќе се заклучи дека Чави е најлошиот тренер на Барселона во 21. век. Да, полош и од Куман кој толку многу беше критикуван.
Во 50 натпревари колку што ја води Барселона, Чави има учинок од 28 победи, 11 нерешени и 11 порази. Процентот од 56% е полош од било кој тренер од 2001 година наваму.
50 games
— B/R Football (@brfootball) October 16, 2022
28 wins
11 draws
11 losses
Xavi’s 56% win rate is the worst of any Barça coach with 50+ games since in 2001 😬 pic.twitter.com/IGTl6sFvBH