Дома Фудбал Полицијата пред финалето од шпанскиот куп апсеше навивачи на Барселона

Полицијата пред финалето од шпанскиот куп апсеше навивачи на Барселона

Со натпреварот од финалето на шпанскиот куп ќе биде спуштена завесата на фудбалската сезона во Шпанија.

Од 21:00 часот на стадионот „Бенито Виљамарин“ силите ќе ги одмерат Барселона и Валенсија. Каталонците се фаворити, но и Валенсија не е без свои шанси.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Вечерашниот натпревар имаше свој вовед. Шпанската полиција уапси 23 навивачи и вечерва тие нема да бидат на трибините.

„Вчера во Севиља се уапсени 23 навивачи кај кои биле пронајдени тапи предмети во текот на инцидент во подрачјето на Нервион“, соопштија од полицијата.

Инаку, на подрачјето на Нервион се наоѓа стадионот „Санчез Писхуан“ каде своите домашни натпревари ги игра Севиља.

Локалните медиуми пренесуваат дека се работи за навивачи на Барселона. Тие наводно барале физичка пресметка со фановите на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола објасни зошто е важно Манчестер сити да го продаде Гундоган

Името на Илкај Гундоган сè почесто се поврзува со премин во Галатасарај, а иако Пеп Гварди…