Дома Фудбал Англија Полицијата истражува како Деле Али беше погоден со шише

Полицијата истражува како Деле Али беше погоден со шише

Лондонската полиција објави дека започнала истрага за инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу Тотенхем и Арсенал, кога фудбалерот на гостинскиот тим, Деле Али беше погоден со пластично шише.

Тотенхем во четвртфиналето од Лига Купот славеше со резултат од 2:0 на „Емирати“, а Али беше погоден во 73. минута, во моментот кога изведуваше аут. Полицијата ден подоцна објави дека работи со Арсенал за идентификување на личноста која е одговорна за инцидентот. „Топчиите“ за „BBC“ потврдија дека ќе ги прегледаат снимките од сигурносните камери за да откријат кој фрлил шише, но за сега никој не е уапсен.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалската асоцијата на Англија, од друга страна истакна дека знае за инцидентот и дека ќе им даде поддршка на клубот и полциијата во истрагата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…